АВОКАДО МАСЛО 100% ЧИСТО ЛАДНО ЦЕДЕНО
Иако до пред извесно време, не беше лесно, на декларацијата на козметичките производи, да се најде дека во составот има и авокадо масло, сепак неговиот исклучително богат состав како и благотворното дејство врз кожата, го прават во последниве години незаобиколна „must have“ состојка во козметичките производи. Веќе може слободно да се каже, дека маслото од авокадо е се почесто, една од основните состојки во производите за нега на кожа, лице и коса. Иако ова не е единствено растително масло кое се користи во козметичката индустрија, сепак за авокадо маслото може слободно да се каже дека е витамински концентрат, бидејќи освен што содржи мононезаситени масни киселини и протеини, особено е багото со витамини: А, Б, Ц, Д, Е и К, но и минерали: калиум, калциум, селен, железо, липиди, лецитин, каротен. Овој специфичен состав и концентрацијата на витамини, го прави исклучително отпорен на оксидација на светлина, а истотака и одличен е во борбата против слободните радикали и предвременото стареење на кожата. Одговара на сите типови кожа, но особено годи на сува и чувствителна кожа, како и на кожа склона на алергии и црвенила. Годи и за нега на нежната детска кожа. Го поттикнува клеточниот метаболизам на обновување на постојните и создавање на нови клетки, а тоа придонесува кожата да биде еластична и цврста. Има лесна текстура, брзо навлегува и комплетно се апсорбира во кожата, ја омекнува, храни, смирува и заштитува. Ефектот е мазна, сјајна и свежа кожа.
Затоа.....Секогаш кога на декларацијата на производот ќе видите дека стои и името за авокадо масло „Persea gratissima oil“, не двоумете се да го вклучите тој производ во вашата рутина за нега на кожа. Кожата ќе ви биде исклучително благодарна!
Најголема предност на маслото од авокадо е тоа што може да се користи самостојно, но и во комбинација со други масла, како и други козметички производи!
Предупредување: Само за надворешна употреба! Прекинете со третманот ако се појави црвенило или иритација. Избегнувајте контакт со очи,а во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете ги очите со вода
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.
Институт Органика ДООЕЛ | ул. Влае 87, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)70 244 466 | e-mail : info@torba.mk
ЕМБС: 7002220 | ЕДБ : MK4080014548341