РЕТИНОЛ ВО СКВАЛАН е безводен раствор на чист ретинол за лице и врат. Ретинолот е една од најмоќните состојки против стареење, бидејќи е докажано дека силно делува на процесот на регенерација на клетките на кожата. Ретинолот помага да се ревитализира кожата, придонесувајќи за нејзин поздрав изглед. Исто така, го стимулира производството на колаген, што води кон намалување на видливите знаци на стареење. Сквалан маслото обезбедува длабинска хидратација, правејќи ја кожата “полна”, мека, поеластична, поенергична и помазна. Текстурата на растворот е лесна, безмасна и многу брзо се апсорбира. Овој производ ги таргетира видливите знаци на стареење на кожата, како што се: фините линии, брчките и состојбата на “oвената” кожа. Особено е корисен за зрела кожа, како и за уморна кожа, без сјај и енергија. Комбинирајте со REVOX B77 JUST Niacinamide 10% како дел од вашата дневна рутина за убавина. Ретинолот во составот е со концентрација 0.25%.
Упатство за употреба: Нанесете 2-4 капки навечер на чиста и целосно сува кожа, избегнувајќи ја регијата околу очите и нежно масирајте. Почекајте кожата да се исуши пред да го нанесете следниот производ. Користете како ноќен прихранувачки третман наместо хидратантни или третмани со масло.
Внимание: Не комбинирајте со чисти масла за да спречите прекумерна маснотија на кожата. Не комбинирајте со други ретиноиди или директни киселини за да избегнете иритација. Ретиноидите можат да ја направат кожата почувствителна на УВ зраците. Избегнувајте директно изложување на сонце и користете крем со висок заштитен фактор. Избегнувајте контакт со очи. Не користете на иритирана кожа! Можна е индивидуална нетолеранција на производот. Ако се појави иритација или прекумерно црвенило, прекинете ја употребата. Пред првата апликација, се препорачува да се изврши тест за чувствителност. Доколку не се развие иритација по 24 часа, производот е безбеден за употреба.
Состојки: Caprylic/Capric Triglyceride, Squalane, Retinyl Palmitate, Tocopheryl Acetate.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.
Институт Органика ДООЕЛ | ул. Влае 87, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)70 244 466 | e-mail : info@torba.mk
ЕМБС: 7002220 | ЕДБ : MK4080014548341