РИЦИНУСОВО МАСЛО 100% ЧИСТО ЛАДНО ЦЕДЕНО
Барате решение за опаѓање на косата???? или третман за сува коса ???? проблем со сува кожа?? изразени брчки??? кршливи и слаби нокти???? Најдобра препорака е рицинусовото масло.
Главната одлика на рицинусовото масло е малата молекуларна тежина која овозможува лесно продирање во кожата и косата. Поради тоа, ова масло е идеално за хидратација на кожата и косата бидејќи лесно навлегува во порите на кожата и коренот на косата. Со примена на рицинусовото масло се врши длабинска хидратација на клетките. Широката употреба во козметикатата се должи и на исклучително големата концентрација на витамин Е и рицинолеична киселина.
Нега на коса
Рицинусовото масло е вистински мелем за косата, а особено и годи на сува и кршлива коса. Рицинусовото масло и помага на косата на повеќе начини:
Нега на кожа
Хидратантните својства на рицинусовото масло го прават идеално средство за нега на сува кожа, кожа склона кон инфекции, како и зрела кожа (за намалување на брчките).
Рицинусовото масло ја негува кожата, а поради високото количество на витамин Е помага при разни кожни заболувања како што се габичните инфекции на кожата. Одлично е и како дезинфекциско средство, за помали повреди на кожата (гребаници, убоди, исеченици…). Исто така, може да се употребува како природен отстранувач на шминка. Освен тоа што не содржи никакви иритирачки и штетни супстанци за кожата, истовремено ја негува. Покрај тоа, маслото може да го забрза растот на трепките.
Нега на нокти
Рицинусовото масло е идеално за нега на ноктите, бидејќи ги зацврстува кршливите нокти, го забрзува растот и ја негува кожата околу нив.
Маслото се употребува млако. Идеално е да се нанесува навечер и да се остави да делува во текот на ноќта.
Предупредување: Само за надворешна употреба! Прекинете со третманот ако се појави црвенило или иритација. Избегнувајте контакт со очи,а во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете ги очите со вода.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.
Институт Органика ДООЕЛ | ул. Влае 87, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)70 244 466 | e-mail : info@torba.mk
ЕМБС: 7002220 | ЕДБ : MK4080014548341