Illuminating Serum- Oсветлувачки серум за лице и врат. Алфа арбутин е растителен екстракт, кој се екстрахира од боровинки, брусница, како и мечкини боровинки и е една од најбезбедните природни состојка за осветлување на кожата. Алфа арбутинот често се продава и како побезбедна алтернатива на хидрохинонот (популарна состојка за осветлување на кожата што е забранета во Европа и Австралија). Има слични резултати во осветлувањето на кожата, но без оној опасен процес на белење. Наместо тоа, го намалува/успорува процесот на пигментирање на кожата со потиснување на ензимите кои го стимулираат меланинот. Овој процес, пак го забавува процесот со кој УВ-светлината предизвикува пигментација, така што успешно ги спречува и третира проблемите со пигментацијата. Оваа напредна формула е збогатена со хијалуронска киселина, што дополнително овозможува и поинтензивна хидратација, како и пријатно чувство на удобност на кожата.. Производот таргетира: црвенило, дамки, старечки дамки, како и пигментирани дамки од сонце, но и лузни од акни. Одговара за сите типови на кожа.
Комбинирајте со REVOX B77 JUST витамин Ц 20% за засилена антиоксидантна заштита и со REVOX B77 JUST хијалуронска киселина 5% или REVOX B77 JUST 100% Argan масло за поинтензивна длабинска хидратација.
Упатство: Нанесете неколку капки од серумот наутро и/или навечер на сува, чиста кожа и масирајте ја со врвовите на прстите додека целосно да се апсорбира во вашата кожа. Избегнувајте ја регијата околу очите. Да се користи пред хидратантни или маслени третмани.
Состојки: Aqua, Alpha-Arbutin, Sodium Hyaluronate, Propylene Glycol, Hydroxyethylcellulose, Phenoxyethanol, Disodium Edta.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.
Институт Органика ДООЕЛ | ул. Влае 87, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)70 244 466 | e-mail : info@torba.mk
ЕМБС: 7002220 | ЕДБ : MK4080014548341